Фудбалерот почина, по престрелката во Аеродром

Од клиниката за хируршки болести Св ,,Наум Охридски,, информираа преку Твитер дека пациентот бил без знаци на

живот. Се обидувале да го реанимираат 40 минути но за жал без успех.

Мартин Јанушев беше повреден во оружен инцидент  на улицата „Владимир Комаров“ во скопската општина  Аеродром.

Според очевидци со четири до пет куршуми беше погоден во пределот на главата и вратот.

Случајни минувачи го сместиле повреденото лице во приватно возило и го транпортирале во болница.

Напаѓачот е познат на полицијата, и сега е во бегство.

Translate »