Каква е навистина Меланија Трамп?!

loading...

 Сопругата на претседателот на САД, Доналд Трамп е позната по суптилниот моден стил.  Често е мета на критики од  страна на медиумите и јавноста, а многу модни дизаjнери на почетокот одбиваа да соработуваат со неа. Таа сепак  се избори за свој стил и  имиџ, кој се повеќе се прифаќа.

Кејт Бенет, новинарка  на Си-Ен-Ен од Белата куќа, открива неколку детали за Меланија Трамп.

“Многу е тивка  и не покажува емоции. Многу луѓе мислат дека тоа го прави бидејќи е прва дама, но не е така, таа навистина е многу приватна личност”, вели новинарката која имаше можност да ја запознае Меланија Трамп.

На  почетокот на мандатот на нејзиниот сопруг, често ја споредуваа со поранешната прва дама на САД, Мишел Обама.

И додека сопругата на Обама беше позната по својот  продорен и асертивен  настап,  Меланија  е нејзина  спротивност, таа е тивка, поради што често ја восприемаат како  несреќна и незадоволна.

Но, Бенет тврди дека Меланија не се разликува многу од Мишел и дека тие се многу слични во однос на ентузијазмот за работа.

“Лесно се стапува  во контакт со неа. Таа е среќна кога е опкружена со деца. Тоа го забележавме кога патувавме  низ Европа оваа пролет. Фокусирана е на мајчинството . Нејзина најголема грижа е син ѝ. Таа се труди да да биде добра мајка”, заклучува Бенет.

 

Translate »