Ве боли желудник? Еве што да правите!

loading...

Чирот на желудник е една од причините за надуеност,  а консумирањето  кафе, алкохол и антибиотици може само да ги влоши проблемите.  Маслиново масло и ферментираните  млечни производи ја намалуваат надуеноста, објаснуваат нутриционистите.

Фактори кои ги влошуваат тешкотиите со желудникот

Покрај соодветната терапија со лекови, исхраната има важна улога во контролирањето на симптомите. Познати фактори за појава или влошување на нарушувањата во горниот дел од  дигестивниот систем се:

Пушењето
Прекумерна и долгорочна потрошувачка на алкохолни пијалаци
Пиење црно кафе (повеќе од 6 филџани  дневно)
Несоодветна исхрана (храна богата со масти, зачинета храна, глад и неправилна исхрана)
Прекумерна телесна тежина
Изложеност на акутен и хроничен стрес
Анксиозност, депресија и психолошки проблеми
Употреба на одредени лекови (нестероидни антиреуматски лекови, антибиотици, естрогени)
Присуство на други болести (дијабетес, болести на бубрезите и на тироидната жлезда, нарушена срцева функција, пулмонарна туберкулоза, рак)
Инфекција со Helicobacter pylori

Храна

Се препорачуваат  чести и помали оброци. Во третманот на диспепсија и стомачен чир е многу важно да се променат штетните навики во исхраната и во  живот,како  и да се контролираат и  третираат другите болести  доколку се присутни. Препорачливо е да се престане со пушење, пиење црно кафе и алкохол во поголеми количини, намалување на вишокот телесна тежина и внесувањето храна. Не консумирајте која е многу масна и зачинета, а порциите треба да бидат помали и почести.

Што да јадете, што не!

Желудникот ќе го смирите со ферментирани млечни производи и маслиново масло. Консумирајте редовно јогурт и  кефир. Прекумерната потрошувачка на шеќер е фактор на ризик за појава на улкусна болест. Шеќерот предизвикува зголемена секреција на желудочна киселина, која може да предизвика симптоми на болеста. Зголемениот внес на сол исто така е поврзан со зголемен ризик од чир.

Пијалоци кои содржат кофеин (кафе, чај, кока кола), како и кафе без кофеин може да стимулираат лачење на  киселина во желудникот, но во умерени количини може да се консумира, по можност откако ќе го завршите оброкот.

Избегнувајте: пржена и мрсна храна, чоколадo, лук, кромид и пушење. Исто така, некои јадења може да го иритираат или оштетат хранопроводот и треба да се избегнуваат. Тоа се: цитруси и цитрусни сокови, производи од домати, црвени пиперки, чили и пипер.

Translate »