Д-р Кедев: Како да го нормализирате крвниот притисок и намалите болките во мускулите и зглобовите

loading...

Многу пациенти, луѓе со висок крвен притисок, не се свесни дека постои сосема природен начин за борба против високиот крвен притисок. Редовното, барем 2пати неделно одење во сауна на благи температури (од 45 – 60 степени), при влажност од околу 40%, овозоможува нормализирање на крвниот притисок, дури и без употреба на медикаменти, покажува истражувањето спроведено од страна на Dr. Hans-Joachim Winterfeld од реномираната универзитска болница Charité University во Берлин. Сауната е препорачлива дури и за луѓето со низок крвен притисок, на кои им се подобрува циркулацијата за само неколку недели.

Според проф.др Сашко Кедев со редовна посета на сауна се ослободуваме од стресот, се намалуваат болките во мускулите и зглобовите, а посебен бенефит од неа имаат луѓето со висок крвен притисок, висок холестерол и диабетис. Честото користење на сауна влијае на намалување на кардиоваскуларните болести и проблемите со срцето.

 

Не е случајно, зошто во Финска има над 3,3 милиони сауни, речиси во секој дом и канцеларија, а Финска брои 5,5 милиони жители. Финците дефинитивно ги знаат предностите на овој еликсир, и секако максимално ја користат сауната. Само со 10 минутна посета во сауна, неколку пати во неделата ефикасно се елиминираат токсините од организмот (детоксикација) кожата се чисти и затегнува, што овозможува одржување на виталноста, бојата и здравиот сјај на кожата. А кога изгледате поубаво, така и се чувствувате, самодовербата е на највисоко ниво, и тогаш сте најпродуктивни.

Translate »