Ужас!Лекар е прободен со нож на Клиниката за токсикологија

Лекарот Н.З. од Клиниката за токсикологија вчера бил прободен со нож пред влезот на Клинички, во моментот кога требало да му започне смената, потврди за „Фокус“, директорот на клиниката Нико Беќаровски.

Тој веќе разговарал со повредениот лекар, кој во моментот е на скопската Клиника за дигестивна хирургија. Лекарот тврдел дека не знае кој го нападнал, бидејќи напаѓачот му се приближил од позади, но не успел да види кој е. Тој го прободел и веднаш побегнал од местото на настанот.

Лекарот е прободен во двете слабини, над бубрезите и е надвор од животна опасност.

Повеќе детали за овој случај се очекуваат во текот на денот.

Фокус.мк