Мали совети за жените кога одат на гинеколог

loading...

Она за што жените размислуваат пред да одат на гинеколог, вушност е сосем неважно за лекарите. Затоа не си ја “трескајте” главата поради глупости.  Запомнете дека  лекарот се грижи за вашето здравје, а не за изгледот. На гинеколозите воопшто не им е гајле   за следниве  ваши  дилеми:

1. Тие не ја забележуваат вашата долна “фризура”

Докажано е дека повеќе од 40% од  жените пред да оди на гинеколог си ги бричат и депилираат нозете и интимното подрачје. Но , влакната се последно нешто кое лекарот ќе го  забележи кај вас. Вашата ” интимна ” фризура нема да остави впечаток, дури  напротив,  можеби лекарот  нема да си дозволи да биде толку искрен, но мајката природа ги ставила влакната  таму каде што се за да го  заштитат здравјето на вашата интимна зона. Секое кубење и бричење можат да создадат инфекции кои нималку нема да ви бидат пријатни.

2. Тие не се заинтересирани за вашиот сексуален живот

Иако гинекологијата и сексот се поврзани, факт е дека  вашиот лекар не е заинтересиран за тоа со колку луѓе сте спиеле и какви ви биле искуствата. Тие се заинтересирани само за фактите  кои  довеле  до здравствените проблеми.  Кога ќе ве  прашаат за детали, очекуваат да бидете целосно искрени бидејќи само така можете да го решат вашиот проблем. Треба да бидете свесни дека вашиот лекар секојдневно прегледува безброј пациенти кои имаат различни проблеми  и ќе сфатите дека е глупаво да ја “разубавувате”вистината или во најлош случај да лажете. Така го губите и времето на гинекологот, но и вашето.

3. Ако ве прашуваат дали планирате семејството , тоа не значи дека ве убедуваат да затрудните

Гинеколозите не ги интересира дали треба или не треба  да имате деца. Тие се заинтересирани само за вашето здравје и кога постојат некакви   проблеми,  нивна должност е да ве информираат за тоа. Од нив очекувајте информации, а не да ви  судат, да ве убедуваат или да ве убедуваат да забремените,  да земате или не земате  контрацепција итн.

Translate »