Заев: Душички мили, види колку се убави!

Душички мили, види ги колку се убави. Ова беа првите збориви на премиерот Зоран Заев кој со широко отворени очи и насмевка на лицето преку заштитните прозори ги гледаше новороденчињата кои се згрижени на Одделот за интензивна нега при скопската Клиника за кинекологија пишува Плусинфо.

Заев заедно со директорката на клиниката д-р. Викторија Јовановска и директорот за маркетинг на Скопска Пивара, Ламбро Патче, прошетаа низ ходниците крај одделенијата каде се згрижени предвреме родените новороденчиња, дел од нив и близнаци. Токму на оваа клиника која се мачи да ги згрижи во инкубатори сите итни случаеви на новороденчиња, доби и специјална донација од Пивара, односно целосно опремување на еден од одделите.

 

– Најавените 16 инкубатори веќе се доставени на Клиниката за гинекологија во Скопје. Со оваа донација веруваме дека ќе придонесеме за квалитетот на грижата на предвреме родените новороденчиња. На другите клиники низ земјава ќе бидат доставени уште 10 инкубатори и тоа во општите болници во Штип, Тетово, Струга, Прилеп, Охрид, Куманово, Битола, Гостивар и Струмица како и на Клиниката за гинекологија во скопски Чаир

Translate »