Катастрофални поплави во близина на Атина

Најмалку 14  лица загинале во  поплави предизвикани од поројниот дожд во областа Мандра во близина на Атина, објави Ројтерс, цитирајќи го грчкото Министерство за здравство.

Многу луѓе се заглавени во своите домови во Неа Перамос, Мегара и Магула.

Силниот дожд предизвикал и голема материјална штета. Стотици тони кал и надојдената буица од блиските планини ги уништија земјоделските култури, куќи и продавници.

Многу возачи на патот не можеа да излезат од нивните поплавени автомобили.

Еден општински претставник ги спореди поплавите со “библиска катастрофа”. Нивото на водата достигна три метри.

 

 

Translate »