Поскапување на горивата, прочитајте ги новите цени

loading...

Владата вчера го разгледа и го усвои предлог законот за изменување и дополнување на Законот за акцизите со кој се предлага зголемување на висината на акцизата на гасно масло (дизел гориво) кое се користи како погонско гориво и на гасното масло што се користи како гориво за греење, за 3 денари, стои во соопштението испратено од прес службата на Владата.

Владата на вчерашната седница го усвои предлогот за зголемување на акцизата на дизелот. Покрај горивото кое се користи за автомобилите, за 3 денари ќе скокне и акцизата на нафтата за домаќинство која се користи за греење.

Со тоа, од почетокот на идната година акцизата на дизелот ќе се зголеми за 3 денари а заедно со ДДВ ќе чини над 3,5 денари за еден литар дизел гориво.

Дизелот поскапе за 15 денари во споредба со јануари 2016-та, Владата го поскапува за дополнителни 3,5 денари

За само 20 месеци, цената на дизелот се зголеми за цели 15 денари. Дополнително, од јануари со зголемувањето на акцизата со владината одлука, дизелот ќе поскапе за дополнителни 3,5 денари.

Во јануари 2016-та година, литар дизел се точеше по 39 денари на бензинските пумпи. Дваесет месеци подоцна, односно ноември 2017-та, цената на дизел горивото изнесува 54 денари, согласно цените кои во понеделникот ги објави  РКЕ.

Во јануари 2016-та година, РКЕ соопшти дека новата цена на Еуросупер – 95 од се намалува на 57 и пол денари. Еуросупер – 98 се продаваше за 59 и пол денари за литар, додека Дизелот чилеше 39 денари за литар.

РКЕ во понеделникот соопшти дека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од полноќ се зголемува за 2,50 денари, на ЕУРОСУПЕР БС-98 за три, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за два денара од литари.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 66,50 денари, а  литар ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 68,50 денари. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 54,00 денари

 

Translate »