Во овие студени денови затоплете се со зимската убавица Хејли Клаусон

Хејли Клаусон е американски модел и до сега ги красела страниците на Dsquared2, Jill Stuart и Gucci. Исто така, три пати се нашла на насловната страница на магазинот Sports Illustrated.

Клаусон има само 22 години, а за прв пат започнала да се занимава со манакенство на 14 години кога била дел од кампањите на Wild Fox Couture, Jag Jeans и Forever 21. Во 2009 година потпишала договор со ангенцијата за модели Мерлин и истата година била прогласена за манакенка на месецот од страна на октомвриското издание на јапонскиот Вог.

Во 2010 година беше дебитант на пролетното шоу на АДАМ во Њујорк, а исто така беше дел од ревиите на Зек Поузен и Келвин Клајн. Откако го раскина договорот со агенцијата Мерлин, таа потпиша нов договор со Некст Моделс. Клаусон се има појавено во кампањите есен/зима на Топшоп, Зара, Муси и Плејн Суд. Исто така, таа била дел и од музичкиот видео запис на Џеј Зи за песната “Empire State of Mind”.

Translate »