Видео: Алиоски стрелец во победата на Лидс

Фудбалерите на Лидс го совладаа Мидлзброу 2:1 (1:0) во рамките на 17.коло во Чемпионшип дивизијата.
Во само втората победа за Лидс на последните шест натпревари стрелец на вториот гол беше македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски.
Во дербито на колото Алиоски постигна гол во 55.минута, кога на вистински начин ја заврши акцијата на Рофи и Хернандез.
Алиоски играше до 95.минута, кога на неговото место влезе дефанзивецот Пенингтон.
Претходно Лидс оствари предност од еден гол по првиот дел, откако Хернандез го постигна водечкиот гол во 25.минута.
Мидлсброу резултатот го намали во 76.минута кога Асомбалонга реализираше пенал.
По 17 кола во Чемпионшип дивизијата Лидс и Мидлзбору, заедно со Дерби каунти, ја делат шестата позиција со по 26 бода.
Лидс јунајтед во наредното коло, на 22.ноември, ќе гостува кај лидерот на табелата Вулверхемптон.

Видео

 

 

Translate »