Видео: Момче тврди дека доаѓа од 2021 година, му открива на светот што не чека во иднина

Еден млад човек по име Ное тврди дека дошол од 2021 година и му открива на светот што не чека во блиска иднина!

Тој тврди дека патувал низ времето и дека дошол од 2021 година!

Иако вели дека не може да открие многу за иднината, бидејќи ја загрозува неговата безбедност, тој рече дека Доналд Трамп ќе биде реизбран за претседател во 2020 година и дека вештачката интелигенција ќе биде во полн замав за една година.
Видеото од неговото признание било поставено на социјални мрежи, но неговото лице било скриено.

Сепак, Ное вели дека не лаже.

– Не ми е намера да измамам некој. Мојата цел е да докажам дека патувањето за времето постои. Патував низ времето – тврди овој необичен млад човек.

Ное тврди дека иако изгледа како да има 25 години, тој всушност има 50 години.
“Зедов лек за подмладување”, рече овој млад човек кој тврди дека се вратил на 13 ноември 2017 година,

– Патувањето низ времето во јавноста ќе биде откриено во 2028 година. Јас всушност живеам во 2021 година – рече овој човек кој е прилично конфузен.

Translate »