Меркел: Подобро нови избори отколку малцинска влада

loading...

Пропаднаа разговорите за нова коалициска влада во Германија. Канцеларка Ангела Меркел изјави дека е подготвена да ја води нејзината конзервативна Демохристијанска унија во нови избори.

Неуспехот да состави влада ја турна оваа економски најразвиена земја во Европа во политичка неизвесност.

Во телевизиското обраќање Меркел изјави дека таа повеќе преферира предвремени избори отколку малцинска влада. На изборите во септември годинава нејзиниот политички блок ги претрпе најлошите резултати од 1949 година.

-Мојата  поента е дека подобар начин е да се одржат нови избори, изјави таа за АРД. Таа објасни дека нејзините планови не вклучуваат канцелар на малцинска влада.

Ангела Меркел изјави дека повторно ќе учествува како кандидат во случај на избори и дека нејзиниот конзервативен блок е обединет повеќе од било кога.

Меркел истакна дека не гледа причина да поднесе оставка., иако од “Алтернатива на Германија” ја повикуваа да  си поднесе оставка.

Постојат две опции: Меркел  да формира малцинска влада или претседателот да распише нови избори

Меркел, која предводеше трипартиска коалиција од 2005 година, изјави дека е многу скептична околу можноста да предводи малцинска влада и додаде дека нема да се противи доколку нови избори бидат закажани во новата година.

Во неделата вечер, партијата Слободни демократи соопшти дека се повлекува од натамошните преговори со блокот на Меркел, ЦДУ/ЦСУ, и со Зелените.

Германскиот претседател Франк-Волтер Штајнмаер, по неуспехот за формирање влада повика на консултации помеѓу партиите.

-Очекувам партиите да формираат влада во блиска иднина. Тие не смеат одговорноста повторно да им ја препуштат на гласачите, кажа Штајнмајер.

Translate »