Русија донесе закон со кој станските медиуми и организации се означени како “странски агенти”

Рускиот федерален совет усвои предлог-закон за воведување статус на странските медиуми во државата, пренесуваат руските медиуми.

Според текстот на законот, медиумите кои добиваат финансиска помош од странски земји или од странски организации може да бидат означени како „странски агенти“.

Амандманите за статусот на медиумите претставува изнуден одговор на „притисокот“ на кој во САД се изложени руските медиуми, поточно „Раша тудеј Америка“ и „Спутник“, кои Вашингтон ги окарактеризира како странски агенти.

Одлуката за тоа кои медиуми ќе бидат класифицирани како странски агенти ќе ја донесе руското Министерство за правда.

Претседателот на руската државна Дума, Леонид Левин, напомена дека новиот закон нема да се однесува на руските медиуми кои добиваат финансиски средства од странство.

Translate »