Цонка Гроздановска: Акните и флеките на вашето лице може да бидат минато

Цонка Гроздановска 20 години работи во козметичката дејност, грижејќи се за негата и убавината на урбаните жени. Соработува со самосвесни жени кои се грижат за својот изглед.   Водејќи се од потребата да понуди нешто ново на македонскиот пазар, таа вложи во сопствената едукација, и од неодамна  е сертифицирана за изведување на козметички третмани со напредната технологија на апаратот Јет Peеl. Станува збор за иновативен апарат, единствен од тој тип во нашата земја, одобрен од универзитетот во Лајпциг , со кој се отстрануваат акни и флеки од лицето, а истовремено  можат да се спроведуваат и ефикасни третмани за подмладување.

 

Зошто овој апарат е подобар од другата технологија која  се користи во козметичката индустрија?

Прво со користењето на Јет  Peеl,  без скалпел и без инекции може да изгледате помладо, второ, може трајно да отстраните акни и флеки без стискање на кожата, да направите  лимфна дренажа, затворање на порите, длабински хемиски пилинг и тонус на лицето, и потоа што е и најважно без непосакувани ефекти на вашата кожа. Третманите се безболни, интензивни и ефикасни, изведени крајно професионално од вработените во салонот Alessandro Makedonija, кој се наоѓа на ул. ОрцеНиколовбр. 186 во близина на салонот за автомобили “Ми-ДаMоторс” во населбата Карпош .

Колку третмани се потребни за кожата да биде во нормала состојба?

Зависи колку е оштетена кожата за некоја кожа  потребни се 5 третмани а некаде ќе треба повеќе пати да се интервенира, а некаде само еднаш ?

Како може кожата да изгледа помладо без хемиски помагала кои се вбризгуваат во кожата?

Се работи со ракетна технологија на насочен  млаз,  кој е патентиран. Станува збор за микрокапки кои во вид на спреј се вбризгуваат под кожата. Капките се нанесуваат со неверојатна брзина од 720 километри на час и навлегуваат  длабоко под  кожата 4-5 милиметри. Третманите се нежни и безболни, а во исто време и интензивни. Со однапред подготвени протоколи, се работи со посебни ампули изработени во стерилни лаборатории во Израел и во Лондон.

Козметичкиот салон Alessandro e препознатлив и по медицинскиот педикир и маникир може ли да ни кажете нешто повеќе за ова што е разликата помеѓу обичниот и медицинскиот третман?

Рзаликата меѓу медицинскиот и природниот гел за нокти е во тоа што со медицинскиот третман не се оштетуваат ноктите.  Исто така со медицинскиот третман се лекуваат и се отстрануваат сите болести на стапалата, На пример имаме муштерии кои доаѓаат да лекуваат брадавици и разни други инфекции . Инаку сите препарати во “Alessandro” не содржат  хемија, подговени се со природни состојки.