Оставете го креветот растурен , советуваат лекарите!

Лекарите од универзитетот Кингстон во Велика Британија дојдоа до  изненадувачки резултат кој  ќе им се допадне на оние кои не сакаат да си  го местат креветот. Микроорганизмите и грињите можат да преживеат во топли и влажни подрачја, а просечниот кревет содржи повеќе од 1,5 милиони грињи. Додека спиеме, грињите кои се хранат со остатоците од човечката кожа (одвратно, нели), создаваат алергени кои  ги вдишуваме додека спиеме. Топлината на креветот по спиењето  е идеална за развој и задржување на овие алергени.

Гриња

 

Но, дали постои начин да се спречи ширењето на овие неподносливи алергени? Едноставно, не си го местете креветот!

Истражувач д-р. Стефан Прелов вели : ”  Понекогаш е доволно да го оставите ненаместен креветот, да го оставите чаршафот откриен   за да се изгуби влагата од постелата и на тој начин микроорганизмите ќе умрат!

Во втората фаза од истражувањето, тимот од универзитетот Кингстон поставил мерни уреди во домовите низ Велика Британија, а потоа го подели истражувањето на:

 

1. Домови во кои  се местат креветите

2. Домови во кои креветите не се местат

Тимовите мереле колку вентилацијата и греењето влијаат врз создавањето грињи, со цел тоа понатаму да им  помогне  на дизајнерите на ентериерите  и архитектите  да создадат простории во кои ќе се  живее поздраво. И еве што заклучиле лекарите од Британското здружение за алергии и клиничка имунологија- решението е многу едноставно , оставете го креветот растурен, тоа многу може да помогне.

 

Translate »