Едмонд Темелко во домашен притвор

Градоначалникот на општина Пустец во Албанија, Едмонд Темелко, обвинет во случајот „Титаник“ на СЈО, од истражниот затвор „Скопје“ во населбата Шуто Оризари ќе биде префрлен во домашен притвор.

Кривичниот суд во Скопје донел решение со кое мерката притвор се заменува со куќен притвор, потврдуваат од судот.

Како што информираат од судот, одлуката била донесена по добиено позитивно мислење од Специјалното јавно обвинителство.

Неколку граѓански организации, како и ВМРО-ДПМНЕ бараа укинување на притворот на Темелко, пред се поради неговата влошена здравствена состојба.

Инаку, опозициската ВМРО-ДПМНЕ за вечерва најави протест пред Владата против притворот на градоначалникот на општина Пустец.

Темелко е еден од обвинетите за изборни нерегуларности, во случајот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство.

Тој беше уапсен во Скопје на 26 септември.

Мета.мк

Translate »