Вооружен грабеж во Кисела Вода, неофицијално двајца мртви

Две лица се убиени во менувачница во скопската населба Кисела Вода, попладнево, дознава НетПрес.

Според информации на порталот  двете лица најверојатно се обиделе да ја ограбат менувачницата, лоцирана на булеварот Борис Трајковски, во близина на споменикот на Тодор Александров.

Неофцијално, се претпоставува дека сопственикот на менувачницата пукал во разбојниците, додека тие се обидувале да го ограбат среде бел ден.

Ниту МВР, ниту скопската полиција засега не се достапни за повеќе информации околу овој тежок инцидент.

Translate »