Принцот Хари и предложи брак на актерката Меган Маркл

loading...

Во кралската палата во Ангија на пролет ќе има нова снаа.

Принцот Хари ѝ предложи брак на својата девојка Меган Маркл. 33-годишниот претставник на британското кралско семејство и 36-годишната холивудска актерка ќе стапат во брак следната пролет.

Среќната вест беше објавена преку официјално соопштение од Кенсингтонската палата на Twitter.

Принцот Хари и Меган МарклПринцот Хари и Меган МарклПринцот Хари и Меган Маркл

Својата врска со Меган, Хари ја откри пред јавноста во ноември минатата година, преку соопштение во кое побара да запре „бранот од навреди и малтретирање“ кон неа.

Откако во јавноста протече информација за нивната врска, Меган постојано е следена од новинари и фоторепортери, непрекинато е мета на оцрнувачки коментари и навреди, а неретко се пласираат во таблоидите и лажни стории за неа.

Принцот Хари и Меган МарклПринцот Хари и Меган МарклПринцот Хари и Меган Маркл

„Многу сме возбудени за Хари и Меган. Прекрасно беше што ја запознавме Меган и што видовме колку се среќни таа и Хари заедно“ – стои во порака од принцот Вилијам и војвотката Кетрин.

Translate »