Чавков, Дурловски, Јовановски и другите 30-на лица се гонат за терористичко загрозување на уставниот поредок

loading...

Триесет и шест лица се гонат за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ во врска со настаните кои се случија на 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија, соопшти Јавното обвинителство.

Покрај Митко Чавков, приведени се и други лица, меѓу кои, и пратениците Крсто Муковски и Жаклина Стефановска, актерот Владо Јовановски, Горан Ангелов – Ќосето од Велес, оперскиот пеач Игор Дурловски и други.

– Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по преземање на сите дејствија за утврдување на фактите во врска со настаните кои се случија на 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија ја заврши предистражната постапка, информираат од Обвинителството.

Во соопштението пишува дека од Обвинителството, по разгледување и анализа на прибраниот доказен материјал, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против триесет и шест лица поради основано сомнение за сторено кривично дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од член 313 од Кривичниот законик.

Веста ја потврдија и од МВР.

Чавков во моментов е во Кривичниот суд каде дава исказ пред судија на претходна постапка. Од судот информираат дека во моментов и повеќе други лица се изведени пред судија на претходна постапка кој постапува по писмен поднесок од ОЈО во врска со настаните во Собранието од 27 април.

Митко Чавков за време на настаниете во април раководеше со оперативниот штаб на МВР. Тој беше посочен дека два часа не давал наредба за дејствување на полицијата, со што го довел во опасност животот на пратеници и пратеници и новинари.

Фото:Фокус

Translate »