Груевски обвинува за политички прогон

loading...

“Заев и СДСМ брутално удираат кон тие што мислат и дејствуваат македонски. Ова е последен чин на пресметка со слободно мислечкиот Македонец и кон граѓаните кои се одважија да кажат став за разградувањето на државата, против Тиранската платформа, против насилието на власта, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски за апсењета поврзани со  собраниските случувања од 27-ми април. Според него законите, правдата и Уставот повеќе не важат, а државата е заробена. Груевски рече дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ минуваат низ голгота само затоа што си ја сакаат државата, и побара да престане политичкиот прогон кон партијата.

„Бараме безусловно запирање на сите овие процеси на овој класичен политички прогон, бараме итно и безусловно стопирање на малтретирањата, теророт и иживувањата кои го прави СДС. Бараме итно пуштање на слобода на сите лица кои се опфатени со овој политички прогон“, нагласи Груевски.

Наместо тема да се убиствата, грабежите, рекетарите, тема се луѓето кои беа на страна на државата, рече Груевски кој порача дека сето ова што се прави е за да се променат името, идентитетот, јазикот на државата и да се воведе неуставна двојазичност и промени историјата.

„Се удира на интелегенцијата, а се пуштаат на слобода убијците на децата од Смилковско езеро, се пуштаат на слобода криминалци. За што да одговараат оперски пејач, актер, доктор, архитект за тероризам, кои се спротивставија на тиранската платформа со која се носи неуставна двојазичност и се менува унитарниот кларактер на државата?“, рече Груевски.

Translate »