Направете сами-Чоколаден ликер

loading...

Чоколадниот ликер е пијалак што слободно можеме да го наречеме женски, иако дури и посилниот пол не е имун на ова ароматично чоколадно уживање.

Ликерот од чоколадо содржи мала количина алкохол во густа комбинација на состојки од чоколадо, па затоа е сладок и  лесен за пиење.  Се служи разладен … но грее од внатре.

Рецептот е многу едноставен. Потребно е максимум половина час  од вашето слободно време за да се направи. Послужете го пред јадење  или со кафе.  Овој сладок  ароматичен пијалак е за секоја пригода.

Рецепт за чоколаден ликер

Состојки:

– 1 литар млеко
– 300 гр шеќер
– 500 мл рум или ракија – препорачуваме рум
– 100 гр какао во прав
– 1 пудинг од чоколадо

Подготовка:

Измешајте какао и пудинг со 200 ml млеко, смесата мора да биде мазна, без грутки.

Во  преостанатото количество млеко додадете шеќер. Варете додека не зоврие. Намалете го огнот и постојано мешајќи додадете го измешаниот пудинг со какао. Кога смесата ќе згусне, тргнете ја од оган и  додадете го алкохолот. Добро измешајте, ако е потребно вратете го малку  на оган за да се спои убаво.

Ликерот се става во шише и се чува во фрижидер. Ако алкохолот во шишето  стане многу густ, слободно додадете малку ракија и добро промешајте.

Ликерот треба да отстои во фрижидер најмалку 5 дена, а потоа се пие. Ако не можете да издржите толку долго, оставете го да отспие барем преку ноќ. Сепак е потребно сите вкусови да се смешаат. Пред  дегустација, протресете го шишето. Поради млекото ви препорачуваме ликерот да го држите ви фрижидер за да не се расипе, иако мислиме дека нема да издржи толку долго.  

Translate »