3760 лица ќе бидат опфатени со Законот за амнестија

loading...

Законот за амнестија синоќа помина на владина седница, ќе бидат опфатени над 3670 лица

Од нив 670 кои биле осудени на затвор до 6 месеци целосно ќе бидат ослободени од издржување на казната додека останатите над 3000 осуденици ќе добијат намалување за 30 проценти на досудените казни.

 Помилувањето ќе важи за сите дела сторени до 20 септември годинава а кои ќе бидат правосилно пресудени до стапувањето во сила на законот.

Владата текстот на овој Закон го прифатила синоќа додека во скопскиот кривичен суд беа приведувани и сослушувани лицата осомничени за настаните од 27 април. Но во одредбите на законот се вметнати исклучоци односно дела за кои амнестијата нема да важи. Меѓу нив се и делата против државата за кои според сегашните позиции на јавното обвинителство се гонетуи 36те осомничени за нстаните во Парламентот.

– Амнестијата нема д аважи за делото убиство, за осудени на доживотен затвор, за дела против изборите и гласањето, за дела против државата, за дела против половиот морал и дела против човечноста, изјави Миле Бошњаковски, портпарол на Владата.

Законот влегува во собрансика процедура по редовна постапка. Од владата велат дека остануваат отворени за јавна дебата.

Во текстот објавен на веб страната на министерството за правда стои дека двете причини поради кои се носи законот се ресоцијализација на сторителите на кривични дела и растеретување на државвниот буџет.

Од осамостојувањето до денес, донесени се 4 закони за амнестија, првиот во 91ва, вториот во 99та, во 2002ра како резултата на Охридскиот рамковен договор и во 2003та заграѓаните кои не ја исполниле воената обврска.

Translate »