Нова министерка за правда

loading...

Актуелната министерка за образование Рената Дескоска ќе ја задржи функцијата, но ќе направи трансфер, па така, од Министерството за образование, ќе седне на челната позиција во Министерството за правда, неофицијално дознава „Фокус“ од добро упатени избори.

Шпекулациите се дека на министерската фотелја во образование ќе седне кадар на ДУИ, а заменичкото место ќе го добие СДСМ, кое се уште не е пополнето.

Сепак, министерката Дескоска за „Фокус“ вели дека досега никој не и спомнал за таква промена, поради што вели дека станува збор за шпекулација.

Пред десетина дена и премиерот Зоран Заев најави дека е можна реконструкција на владата, односно доколку за министер за здравство биде избран кандидат кој не доаѓа од Алијансата за Албанците.

-Почнавме разговори со коалиционите партнери, се надеваме дека до крајот на оваа седмица ќе можеме да донесеме одлука. Сите опции се отворени, во моментов ниту јас знам кое ќе биде името, од која политичка партија, кој ќе биде избран од кандидатите- рече премиерот Заев пред десет дена.

Министерското место се испразни откако Арбен Таравари стана градоначалник на Гостивар.

Фото:Фокус

Translate »