До мазно и сјајно лице, само со компир и уште неколку состојки!

loading...

До мазен и проѕирен тен само со природни состојки!  Заборавете на скапата козметика, свретете се кон природата.

Комир и краставица

Измешајте  сиров компир и половина краставица во блендер додека не добиете  убава текстура. Нанесете нежно на лицето со кружни движења и оставете го 25 минути. Исплакнете со млака вода.

Компир и лимон

Во блендер или ренде добро измиксајте го компирот и додадете сок од половина лимон додека не добиете хомогена текстура. Нанесете ја смесата на  лице со кружни движења и оставете 20 минути. Исплакнете со вода.

Кокосово масло

Згрејте го кокосовото масло и натопете ја ватата или тампонот во него . Нежно масирајте ги проблематичните делови на кожата околу 2 минути. Оставете го да стои неколку минути и  избришете го  лицето со памук. Повторете 2 пати на ден.


Оцет од јаболко 

Се меша јаболков оцет со вода  во ист размер и се тапка  нежно по лицето. Оставете преку ноќ. Измијте го лицето наутро со млака вода.

Зелен чај

Оставете ќесичка на зелен чај во топла вода неколку минути. Потоа  отстранете ја и додадете мед и сок од лимон.  Намачкајте во тенок слој на лицето и оставете да стои неколку минути па измијте со млака вода.

Лимон

Исечете го лимонот на половина и нанесете го директно на лицето во кружни движења. По 5 минути и исплакнете го лицето со ладна вода.

Мед

Се нанесува тенок слој мед на чисто лице и го оставете  да остане 15 минути. Потоа исплакнете го лицето со млака вода,  повторете  секој ден.

 

Алое Вера

Гелот од алое вера е фантастичен за кожата, доколку можете да си го дозволите ставајте го секојдневно на лице.  Нека биде тоа ваша дневна рутина.

 

Маслиново масло

Нанесете неколку капки масло на лицето и нежно масирајте со кружни движења. Оставете неколку минути и избришете го лицето со крпа натопена во млака вода. Повторете  секоја вечер пред спиење.

Translate »