Зборовите на Ерато Кардула преведени на 19 јазици во книгата „Гуш и Бац“

Промоција на книгата „Гуш и Бац“ и изложба од илустрациите во неа ќе се одржи на денес, 2 декември, ден пред одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со попреченост

Во книгата се содржани зборовите на Ерато Кардула кои се преведени на 19 јазици и илустрирани од 33 креативни луѓе. Изложбата ќе биде од 02 до 05 декември, од 19 часот во Чифте Амам, во старата Скопска чаршија.

Целта на хуманитарниот настан е подигнување на свеста за аутизмот и интергација на лицата и децата со оваа состојба во општеството. Вистинско богатство е да се има пријатели кои искрено и со голем ентузијазам учествуваа во креирањето на овој проект. Им благодараме на сите кои ни помогнаа и поддржаа или што би рекла Ерато „Бац МаКнигата“ – велат родителите на Ерато.

Илустрациите ќе се продаваат, а средствата ќе бидат наменети за реедукација, односно работа со дефектолог и логопед на оние дечиња со аутизам кои не може да си го дозволат тоа.

Модератор на настанот ќе биде Огнен Јанески, додека за музиката ќе се погрижи DJ Соња Исмаил Огненоска.