Како да го преживеете ретроградниот Меркур!

ШТО НЕ МОЖЕМЕ  И НЕ Е ПОЖЕЛНО ДА ПРАВИМЕ ВО ВРЕМЕ НА РЕТРОГРАДНИОТ  МЕРКУР?

Веројатни се разни пречки во работата, одлагање на договори, прекршување на преговорите.
• Период  во  кој често страдаат деловните  односи.
• Откажете го потпишувањето на важни документи и договори, склучените зделки  може да бидат откажани без никаква причина. Ако не можете да го одложите потпишувањето, читајте го внимателно секој детаљ, веројатноста за недоразбирање и грешка е огромна.
• Преговорите може да имаат многу неочекувани насоки, бидете претходно подготвени за такво сценарио.
• Не преземајте важни одлуки.
• Не преговарајте за ништо во овој период, особено како потпишување на  било каков вид и какви било документи и аранжмани.
• Не започнувајте нови деловни контакти, тие ќе бидат неефикасни и краткорочни. Вие работите само со старите и веќе познатите партнери.
• Бидете внимателни кога работите со било какви документи или преписки – најверојатно ќе ги оштетите или изгубите.
• Веројатно е  дека ќе се збуните околу исплатите. Внимателно проверете ги сите букви и броеви.
• Ако ги  ажурирате вашите лични документи  ќе има недоследности, грешки, повторно доставување документи, итн.
• Не започнувајте нов бизнис.
• Не потпишувајте договор за нова работа.
• Не започнувајте со обука.
• Внимавајте со  материјали за објавување или печатење – тие ќе имаат грешки и ќе бидете вратени.
• Информациите  за вас може да бидат неточни или дури лажни. Има голема веројатност да влезете во замка.
• Одложете го купувањето на било какви електронски уреди – телефони, компјутери, таблети.
• Воздржете  се од важни купувања, за да не се разочарате и да ги потрошите  парите напразно, висока е веројатноста да бидете доведени во заблуда, да не е исто со тоа што сте имале намера да го купите.
• Не тргајте на пат или службен пат. Може патот да е залуден и ќе треба одново да се оди по некое време, но ако ова не е прв службен пат, резултатот ќе биде позитивен.
• Не е препорачливо да купувате автомобил – можни се скриени дефекти, проблеми со документи, механика итн.
• Особено внимателни треба да бидат возачите –  внимавајте на  сообраќајните правила.    Што помалку патувања толку подобро.
• Во текот на овој период, информациите ќе бидат извртени,  можни се недоразбирања меѓу луѓето. Како резултат на тоа, ќе има напнатост во комуникацијата со соседите,  колегите, родителите. Фокусирајте се на  вашите мисли за да спречите да бидете  погрешно разбрани. Ветувањата дадени во текот на овој период, најверојатно ќе останат неисполнети.
• Запознајте нови луѓе, новите состаноци ќе имаат позитивен ефект
• Ако вашата работа е поврзана со консултациите со луѓе, не земајте нови клиенти во овој период – веројатноста за грешка е голема. Работете само со познати лица.
• Не мора да се брза.

Што можам да направам во период на  ретроградниот  Меркур?
• Обнова на стари контакти.
• Најдобро е да се искористи времето за да се заврши старата и недовршена работа.
• Ако претходно не ви се случило нешто, можете да го повторите.
• Во текот на периодот добро е да се завршат сите заостанати работи.
• Преглед на минати настани.
• Обработка на документи и нарачки , корекција на веќе дадените информации.
• Висока веројатност за средба со стари познаници. Ќе ви се обратат луѓе, кои одамна не сте ги чуле.
• Периодот е соодветен за размислување за нови идеи и проекти, реаализацијата оставете ја за понатаму кога ќе има  подобри перспективи и нови хоризонти

Ивелина Рускова, астролог
astroiva (at) abv.bg, 0888 899 057

Translate »