Киселата зелка како лек

Вашиот стомак ќе ви биде благодарен доколку јадете кисела зелка и кефир.

Kиселата зелка е традиција на нашата трпеза, а кефирот е ферментиран млечен напиток  карактеристичен за источните делови на Европа и Азија. Овие, но и други ферментирани намирници, со векови се користат во исхраната на голем број народи, но преку ноќ станаа хит во модерниот свет заради фантастичното влијание врз балансирачкиот ефект врз цревната флора. Овој ефект се должи на процесот на ферментација -бактериите делумно ја варат храната, со што се ослободува голема количина на нутриенти. Некои студии покажуваат дека  степенот на апсорпција на железото од ферментираниот зеленчук  е поголем отколку при консумирање на сиров зеленчук.  Но, најмногу се истакнува делувањето на ферментираните намирници врз цревната флора.  Испитувањата напаравени врз животните покажале дека ферментираната храна може да го стимулира растот на корисните бактериски видови(Lactobacillus, Bifidobacterium), но и да го намали бројот на патогените бактерии.

Translate »