Започна продажбата на Huawei Mate 10 Pro во Македонија

loading...

Предводникот од новата Mate серија – Huawei Mate 10 Pro, паметениот телефон со вештачка интелигенција отсега достапен и на македонскиот пазар.

Официјално од денеска ќе може да го најдете во продажната мрежа на Македонски Телеком и Vip, како и во синџирот продавници на Нептун. Моделот е достапен во титаниум сива и кафеава боја.

Huawei Mate 10 Pro е револуционерен уред на пазарот кој е познат не само како паметен телефон, туку и како нова генерација на интелигентна машина. Чипот Kirin 970 со осум јадрен процесор обезбедува исклучително високи перформанси.
Неговиот специјализиран сметачки блок, базиран на невронска мрежа работи со подобрени алгоритми за машинско учење, кои го изучуваат корисничкото однесување и го усовршуваат секој аспект на користење на смартфонот, без да ја компромитира безбедноста и доверливоста во врска со навиките и информациите на корисникот. Од вештачката интелигенција, своја корист има и батеријата на Mate 10 Pro.
Таа е со капацитет од 4000 mAh и поседува интелигентен систем за управување на потрошувачката, која ги распределува ресурсите, со што максимално се продолжува времето за автономна работа дури до два дена при умерено оптоварување.

Translate »