Кој е Горан Трајановски новиот оперативен директор на Македонски телеком

Магистер по индустриски менаџмент, дипломиран инженер по електроника и телекомуникации, искусен телекомуникациски  експерт со долгогодишно практично искуство во областа.

Основач на IP Home & Office. Во периодот од јануари 2014 до ноември 2015 работел на развивање на платформата “За Интернет на нештата” (апликации и веб сервиси), на дизајн на хардвер и имплементација на паметни системи за ефикасно управување со електричната инсталација во домовите и индустриските објекти. Иницирал проектирање и развој на Business to Business  IOT решенија. Со IP Home & Office освои 4-то место на вториот интернационален натпревар Business Wall of fame според бројот на гласовите.

И досега бил дел од Македонски телеком, каде во период од 2003-2004 бил на позиција програмски директор, одговорен за реорганизација на компанијата. Ја имплементирал програмата патот кон успехот, која опфаќала 3 стратешки и 5 функционални проекти. Исто така  предходно бил раководител на одделот за поправки во Македонски телеком, директно придонесувајќи кон зголемување на сервисите за поправки во компанијата.

Translate »