Kорупцијата е корозија на секое општество и закана за иднината

По повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата, премиерот Зоран Заев во обраќање до граѓаните изјави дека корупцијата е корозија на секое општество и закана за иднината и за квалитетот на живот на сите граѓани.

Вели дека тие имаат одговорност да се справат со сериозните предизвици што корупцијата ги носи со себе.

Од успехот на борбата против корупцијата, зависи успехот на нашата држава, порача премиерот.

„Корупцијата е закана за воспоставување на владеење на правото, а ние презедовме обврска дека во Македонија ќе владее правото. Затоа, мораме да дејствуваме одлучно и со нула толеранција кон корупцијата. Ве охрабрувам и вас, активно да се вклучите во oваа заедничка борба, преку пријавување на корупцијата и без страв од последици. Со ова јасно укажувам дека никој нема да биде изземен од одговорност“- рече Заев.

Само така, заедно и пркосно, ќе креираме успешни политики, и ќе поставиме темели за постабилна, економска и правична иднина за сите граѓани на Република Македонија, додава Заев.

Zoran Zaev

 

Translate »