Работата во вечерните часови е штетна по здравјето

loading...

Експертот за проблеми со спиење и професор на Универзитетот во Оксфорд, Расел Фостер истакнува дека главниот проблем е нашиот биолошки часовник, а тој се ориентира според надворешниот свет, односно според циклусите на појава на светлина и темнина.

Тој ги објаснува механизмите на дејствување на билошкиот часовник кај луѓето и тврди дека неговото занемарување го активира стресниот механизам.

„Стресот потоа ја зголемува количината на шеќер во крвта и крвниот притисок, токму затоа што организмот се подготвува да одговори на потенцијалната закана, која всушност не постои, бидејќи ние сме само на работа“, нагласува Фостер.

Големиот стрес доведува дури и до кардиоваскуларни заболувања или појава на дијабетес тип 2.

Стресот исто така ја отежнува работата на имунолошкиот состав, а тоа е добар темел за поголем ризик од рак на дебелото црево или рак на дојката, тврдат научниците.

Светската здравствена организација ја класифицираше ноќната работа како возможен причинител на рак.

Најголема последица од ноќната работа е заморот, бидејќи информациите не можеме да ги примаме кога ни се спие, друштвените сигнали погрешно се интерпретираат, па се губи можноста за емпатија.

Работниците кои работата во смени исто така се соочуваат и со срцеви проблеми, кои се предизвикани од континуирана работа која е во конфликт со биолошкиот ритам.

Дополнително на тоа, како што секоја личност која работи ноќни смени знае, после нив речиси е невозможно да не се храните со нездрава храна.

Постојат истражување кои велат дека консумацијата на јаглехидрати се зголемува за 35 до 40 отсто после само 4 до 5 дена намалени часови на ноќно спиење, поради зголеменото ниво на хормонот грелин, кој е овде да го регулира нашиот глад.

Токму тој не прави погладни и не потикнува на консумација на шеќери и јаглехидрати.

Покрај се почестите здравствени прегледи, луѓето кои се принудени да работат навечер, мораат на дофат да имаат и некаква здрава храна, пред се овошје.

 

 

Translate »