Меланија Трамп во”Прада” капут ги даруваше децата

Меланија Трамп традиционално им се придружи и им даваше подароци на децата на воените семејства чии родители не можат да си дозволат да им купат подарок за Божиќ.

47-годишната прва дама изгледа среќно што им ја овозможува оваа радост на децата и очигледно ужива во нивно друштво гледајќи ја нивната насмевка.

 

Во воената база во Вашингтон, Меланија пристигна како и секогаш, во прекрасно издание, овојпат облечена во кежуал аутфит.

Таа изгледаше модерно и шик во светли панталони и впечатлив Prada капут во кралско зелена боја.

Иако Меланија е љубител на Manolo Blahnik и Christian Louboutin чевлите, сепак таа вчера се одлучила за луксузни Gianvito Rossi кожени високи чизми на дебела штикла.

Translate »