Тригодишно девојче стана милионерка на Инстаграм

Тригодишната Мили-Бела Дајмонд има свој замок, милиони обожаватели на инстаграм, а за пост заработува и по 500 долари. Во замокот кој чини 5 000 долари, таа има свој телевизор, кристален лустер, кревет на кат,  креденец, бавча…

 

Малата Австралијанка има гардероба и шминка на која би и позавиделе и холивудските ѕвезди, а  сето тоа е спонзорирано од модните брендови и интернет фанови кои  ја следат Мили .

 

Таа стана популарна  уште како бебе преку you tube видеа кои ги снимаа нејзините родители,  во кои таа јаде нутела или се игра со памперсот. Годинава таа прошета и на модната писта во Њујорк, а Мили има и свој бренд  “MBD Label”.

 

 

Еве едно од видеата со кои малото девојче стана популарно и богато, а преку неа и нејзините родители кои велат дека нивната ќерка има пресреќно детство.