Кој ќе застане зад Петрит Сарачини?!

Филмските работници на една страна, Сарачини како претставник на Министерството за култура од спротивна. Ваква беше сликата на денешните протести пред министерството.

Филмските работници  протестираа,  револтирани поради   одлуката на  министерството во предлог буџетот за  култура за наредната година да ги скрати средствата наменети за филм. “Фимаџиите” побараа средба со министерот за култура на која би ги  соочиле аргументите. Од име на министерството пред насобраните “филмаџии” се обрати  портпаролот на министерството  Петрит Сарачини  бидејќи , како што  објасни , Алаѓозовски бил во посета на Албанија.

Сарачини застана на местото каде стоеше преставничката на филмските работници, па кога почна да ја дава изјавата се заврти и им рече на ,,филмаџиите,, на шега-,, Вие зад мене ќе стоите?!”По што луѓето што протестираа веднаш се тргнаа на страна.

Тој рече дека е вистина оти  годинава Агенцијата за филм доби помалку средства од претходната, но  истакна дека токму преку буџетот на Агенцијата во минатото се реализираа проекти кои спроведувале  партиска и политичка пропаганда наместо  уметнички дела, а притоа се прекршувале  закони и се правеле злоупотреби.  Како пример ја посочи  серијатата „Македонија“.   Сарачини ги убедуваше филмските работници дека и покрај намалувањето на буџетот, пари за квалитетни производи ќе има.

 

На крај, по обраќањата,  директорот на Агенцијата за филм Горјан Тозија  и филмаџиите и претставниците на министерството ги почести со аплауз!