Зошто вашата кожа мириса лошо?

Не секогаш лошите  мириси  кои ги шири вашето тело се резултат на лошата и нередовна  хигиена. Понекогаш се случува да мирисате лошо иако сте избањати и сте ставиле скап парфем. Зошто е тоа така? Истражувањата покажале дека ваквата состојба  може да се должи на неколку  фактори:

1.Стресот кој создава прекумерно потење  најчесто создава тежок мирис. Секоја стресна ситуација предизвикува вознемиреност, лачење на кортизолот кој е хормон на  стресот , а тоа  предизвикува потење. Потта не мириса непријатно сама по себе, но кога станува збор за контакт со бактерии на кожата, таа почнува да создава непријатен мирис.

2. Лошото  варење е уште една причина. Констипацијата која  трае подолго од три дена може да создава непријатен мирис за кој, понекогаш,  и самите не сте свесни. Токсините се ослободуваат  преку порите на кожата, а тоа создава интензивна и   непријатна миризба.

3. Многу месо во исхраната, исто така, може да предизвика непријатен мирис на телото. Некои состојки на месото многу тешко се варат, создавајќи мирис кој се елиминира преку кожата.

4. Некои лекови, па дури и контрацептивни пилули можат да создадат непријатен мирис. Контрацептивните таблети може да предизвикаат сува уста, како и појава на непријатен здив.

5.Уринарните инфекции се уште една причина за лош мирис. Бактериите што водат до инфекција го спречуваат нормалното мокрење, така што урината се елиминира преку кожата , ослободувајќи специфичен и непријатен мирис.

6.Дезодорансите, исто така, можат да  предизвикаат тешка миризба. Некои содржат состојки кои ги “хранат” бактерии на кожата и предизвикуваат исклучително непријатен мирис. Затоа е најдобро, велат експертите,  кожата да се измива со вода и  без гелови и шампони кои иритираат.  Дезодорансите што ги користите  нека бидат од оние кои не  ги затвораат порите.