Луксузен мерцедес избелен од слој прашина, стои на пракинг и никој не го бара.

Причина поради кои овие автомобили се напуштени е Шеријатскиот закон, кој не дозволува долгови кон банките.

Ако имате долг кон банка, може да се завршите во затвор.

Според тоа, таквите престапници ги оставаат автомобилите и бегаат од земјата.

Судбината на овие автомобили ги довела на улица да собираат прашина.

Ако полицијата пронајде такви автомобили напуштени повеќе од 15 дена, тие оставаат известување и го превземаат возилото.

Во ОАЕ не постои заштита од банкрот.

Тоа значи дека сите тие автомобили кои собираат прашина на паркинг местата на аеродромот во ОАЕ ги напуштиле сопствениците кои одлучиле да побегнат од земјата наместо да одат во затвор.

Многу луѓе земале големи заеми за модерни автомобили. Работите потоа се промениле, за да побегнат од законот ,многу се одлучиле да ја напуштат земјата.

И локални, но и странци се обвинети за напуштање на своите скапи автомобили.

Кога полицијата ќе открие напуштен автомобил, тие издаваат предупредување. Ако сопственикот не се појави за 15 дена, автомобилот го запленуваат.

Повеќето запленети автомобили никогаш не се побарани од нивните сопственици.

Полицијата потоа ги продава на аукција.

За жал, трендот на луксузни автомобили кои се напуштени во Дуабаи не покажува знаци на успорување. Во просек, полицијата во Дубаи пронаоѓа околу 3000 напуштени луксузни автомобили секоја година.