Протест против нехуманиот третман на животните

Еве дел од атмосферата на протестот за заштита на животните пред Собранието на РМ. Покрај активистите, во знак на поддршка се собираат и граѓани со своите миленичиња, но и познати” фаци”. Според планираното, учесниците на протестниот марш од пред Собранието треба да се упатат кон Град Скопје.

„Протест против масовното труење на животни во Град Скопје! Најпрво да се напомене дека: Членовите и поддржувачите на овој настан најстрого ги осудуваат немилите напади од страна на кучиња кои се случија и се случуваат! Тоа не значи дека некој треба да си дозволува да си ја зема правдата во свои раце и да ги труе невините животинки. Град Скопје треба да вложи во подобрување на условите и негата во “Вардариште”, а потоа проблемот со кучињата да биде соодветно решен. Мора да престане легалното продавање на отрови и насилството врз животни да биде казниво. Човекот како најителигентно суштество во ланецот на исхрана многупати го докажувал спротивното, еве сега шанса да си го оправдаме поимот “луѓе”. Светот не е само на човечката раса“, се наведува во објавата на Фејсбук на организаторите.

 

 

 

 

Translate »