Видео: Сестрички го молат Дедо Мраз да дојде татко им од војска, оддеднаш тој се појавува

Видео кое го обиколи светот, ќе ве разнежни. Две сестрички седат во скутот на Дедо Мраз и посакуваат да им ги исполни новогодишните желби. Едното од девојчињата го замолува Дедо Мраз да го врати татко им од војска, за да може да биде дома за Божиќ со целото семејство.

По само неколку секунди, нивниот татко се појавува и ги изненадува девојчињата. Следуваат возбуда, бакнежи и прегратки.

Translate »