Жената ќе има избор, дали ќе работи ноќе

loading...

Владата го разгледа и утврди Предлог-законот за ратификација на Конвенцијата за ноќна работа, со која, меѓу другото е уредено и работењето на жените ноќе, со тоа што Конвенцијата содржи одредби во насока на заштита на мајчинството, соопшти Владата.

Со Конвенцијата се елиминираат сите рестрикции на ноќната работа специфични за жените, освен за оние кои се насочени кон заштита на женската улога за репродукција и нега на новороденчињата.

„Со оваа конвенција се подобруваат можностите на жените за вработување, односно се овозможува жената да има избор, дали ќе работи ноќе или не. Истовремено, со ратификацијата на оваа конвенција ќе се зајакне водечкиот принцип на родова еднаквост и на тој начин ќе се отстрани ограничувањето на слободата на избор на работникот на работно време, единствено на основа на пол“, соопшти Владата.

Translate »