Казна затвор од 4 години за кошаркарот на НБА, за навреда на Ердоган

Турски јавен обвинител побара казна до четири години затвор за кошаркарот од НБА, кој ја налути турската Влада со поддршка за муслиманскиот проповедник Фетхулах Ѓулен.

Кошаркарот Кантер, кој е со турско потекло, игра во НБА тимот на Оклахома Сити.

Против Кантер е поднесена тужба за „навреда на претседателот“ на Турција, Реџеп Тајип Ердоган на социјална мрежа и тој може да добие казна од една до четири години затвор, пишува весникот „Сабах“.

Translate »