Президент лансираше пет нови вкусови на топено сирење

loading...

Фамилијата Президент лансираше пет нови  вкусови на топено сирење (млечни намази) за сите љубители на топените сирења и кашкавали.

Новите вкусови на топени сирења (млечни намази) од Президент содржат балансирана количина на сол, имаат уникатно мазна текстура, кремави се и лесно се мачкаат.

Можете да одбирате помеѓу три групи на производи и тоа топен кашкавал направен од кашкавал-натур и со вкус на пица и оригано, потоа  крем сирење класик и со вкус на лук и копар, направени од традиционално бело сирење и на крајот млечен намаз од павлака.

Свежината на новите топени сирења (млечни намази) ќе биде долго зачувана, благодарејќи на иновативното алу-фолио пакување и пластичното капаче што овозможува повторна употреба по првото отворање.

„Со желба да одговориме на потребите на современото живеење и на овој динамичен начин на живот, инспирација пронајдовме во неизоставниот елемент за правилна и балансирана исхрана – млечните продукти. Креиравме автентични и нутритивно богати вкусови, наменети за секој член од семејството и за сите оние што се во потрага по префинето кулинарско доживување“  – изјави претставник од Президент.

Овие нови производи, како што велат од Президент, направени се да ги размазат сетилата и на оние најпребирливите и претендираат да станат еден од омилените продукти во фрижидерот на секое домаќинство благодарејќи на врвниот квалитет и рецептурата која освојува уште при првиот вкус.

За повеќе информации во врска со новите производи посетете ја Фејсбук страницата: https://www.facebook.com/presidentmakedonija/

 

Translate »