Почина тригодишниот син на Срѓан Жика Тодоровиќ, легнал да спие и не се разбудил

Потресната вест за смртта на тригодишниот Дејан, син на актерот Срѓан Жика Тодоровиќ ја вознемири  Србија.

Во семејниот дом на Тодоровиќ на Врачар, сопругата на Срѓан, Ана и мајка на малиот Дејан едвај смогнала сила да прозбори за смртта на својот син единец.

-Вчера беше сосема обичен ден, бевме на контрола, бидејќи Дејан беше болен, пиеше антибиотик. Околу пет часот легна да спие. Заспа и два и пол часа подоцна  се обидов да го разбудам. Беше потонат во постелнината, а усните му беа модри. Се исплашив и вриснав. Се обидов да го разбудам, но неуспешно. Деки не беше алергичен на антибиотици. Мене неговата смрт ми е мистериозна. Никогаш порано не бил болен – додада неутешната мајка и открила дека таа и Жика се обиделе да го реанимираат синчето додека дошла Брзата помош, но безуспешно.

Translate »