Изгласан буџетот за 2018-та година

Пратениците во Собранието вечерва го донесоа буџетот за наредната година. Седницата ја бојкотираа пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Ова е  најголем буџет  во историјата во Македонија , тежок 3,43 милијарди евра.

Министерот за финансии Драган Тевдовски  рече дека очекува  економијата наредната година  да достигне раст од 3,2 отсто. Тој потсети дека државата ќе мора повторно да се задолжува.

Со буџетот за 2018 година се обезбедува зголемување на платите за вработените во Армијата, образованието и здравството, а се зголемуваат и капиталните инвестиции. Еден од главните проекти за идната година ќе биде гасификацијата на Македонија.

Translate »