Уапсени се 25 лица

loading...

Утрово во полициска акција уапсени се дваесет и пет лица под сомнение дека се занимаваат со улична препродажба на дрога.

При претресите извршени утрово од страна на полицијата пронајдени се 49 пакувања хероин, околу 1,8 килограми марихуана, таблети екстази, едно пакување амфетамин и една грутка  хашиш. Пронајдени и одземени се и четири воздушни пушки, две самоделски пушки, еден гасен пиштол и една ловна пушка и 28 куршуми. Одземен е и еден компјутер и 324 бланко (магнетни) картички.

Полицијата соопшти дека по документирање на случаите ќе бидат поднесени кривични пријави за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанци“, „недозволено производство, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи“, „спречување на службено лице при вршење на службени дејствија“, како и соодветни кривични пријави од областа на компјутерски криминал, имотни деликти и друго.

Translate »