Децата од Специјална олимпијада прават интервју со Перо Антиќ и Кире Лазаров

loading...

Горди на себе“ е ТВ проект, во кој атлетите од Специјалната олимпијада ја играат улогата на новинари и прават ТВ интервјуа со македонските спортски ѕвезди, Едина Муса – кошарка, Перо Антиќ -кошарка, Кире Лазаров – ракомет, Евгениј Поп Ацев – пливање и Наташа Андонова – фудбал.

Во ТВ сториите кои се емитуваат во утринската програма на МТВ  „Македонија наутро“ секој петок во 8.30 часот, атлетите на Специјална олимпијада Македонија, разговараат на теми како, спорт, музика, живот, предрасуди и ќе се претстават себе си и вештините кои ги поседуваат.

„Горди на себе“ ги сместува спортските ѕвезди и ѕвездите на Специјална олимпијада на еднаков ранг, оддавајќи им признание за вложениот труд, откажувањата и успесите.

Овој ТВ проект има за цел да ја сензибилизира пошироката јавност за лицата со интелектуална попреченост, а воедно да им даде поддршка со нивно прикажување во јавност, не кои се , туку што можат. По проектот очекуваме што повеќе мотивирачки приказни за лицата со интелектуална попреченост во медиумите. кои треба да овозможат намалување на стигматизацијата и предрасудите.

Реализацијата на „Горди на себе“ е на здружението за медиумска и комуникациска култура и граѓански права „Специјална олимпијада Макеоднија“ како добитници на гранд преку проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Коалиција за медиумска писменост”, што го спроведува Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во соработка со Институтот за различности во медиумите од Лондон и весникот „Нова Македонија“ со финансиска поддршка од Европската Унија.

 

 

Translate »