10 необични кревети

Во текот на нашиот живот минуваме просечно по 8 часа дневно, 56 часа неделно, 240 часа месечно и 2920 часа годишно … токму така, СПИЕЈЌИ! Со други зборови, кога нашиот живот би траел 90 години, 30 од нив ќе ни минат во оваа мистериозна состојба.

Па така, следниот пат кога ќе се одлучите да купите кревет, имајте на ум дека во него ќе поминете голем дел од вашите  живототи и размислете што ќе одберете.

Се разбира дека изборот на голем, класичен и удобен кревет е секогаш добра идеја, но ние ви предлагаме 10 исклучиво кретаивни кревети во кои сигурно ќе сакате да минете бар една ноќ.

1. Кревет – книга

За да го реши проблемот со недостаток на простор, јапоснкиот иноватор Yusuke Suzuki  создаде кревет во форма на книга. Кога “книгата” е отворена во текот на ноќта, нејзините “страници” служат како душек и перница. А во текот на денот може да се здипли и да се користи како простор на кои ќе си играат вашите деца.

2. Кревет – хамбургер

Дизајнерка на овој необичен кревет е Kayla Kromer која за неговата изработка купи само душек од 70-тите  во форма на круг и се останато направи сама. Спред нејзе, ова е најудобниот кревет на кој таа некогаш заспала.

3. Џиновско гнездо

Креветот во форма на џиновско гнездо се појави на изложбата “Зелена градина” во Април 2008. Негови дизајнери се Merav Eitan и Gaston Zahr.

4. Геометриски кревет

Кревет кој едноставно изгледа како да е дел од некоја галерија на уметност. Проблемот е што не делува баш удобно. Дизајнер: Jacob MacFarlane

5. Креветот на “Le Beanock”

Убавина комбинирана со функционалност. “Le Beanock” креветот е уникатен во секој поглед. Тој може да биде спуштен на под ако тоа е потребно, лесно да се премсти кога се чисти или пак да бидат скратени синџирите кои се наоѓаат на задната страна и да се создаде убава софа за седење. Дизајнер: Le Beanock

6. Letto Zip

Направете го суредувањето на креветот перку ден полесно. Едноставно, закопчајте го сиот неред под прекривката, со патентот кој се наоѓа на рабовите. Дизајн: Florida

7. “Јин – Јанг” кревет

Јин е за жените, а Јанг за мажите. За секој случај, ако сакате да спиете разделени. Дизајнер: Alessio Pappa

8. “Плетен” кревет

Ова е огромен кревет кој потсетува на плетка од волна. Дизајнер: Bauke Knottnerus

9. Кревет – четка

Можеби не е баш најпогоден за преспивање, но признајте дека би сакале да пробате како е да се нурнете во оваа голема четка. Дизајнер: Ron Arad, студент

10. Кревет кој лебди

За да се овозможи овој кревет да лебди се користени спротивни, индустриски – моќни магнети. Доколку тежината правилно се распореди по целата површина, тој може да издржи тежина до 900 кг. Дизајнер: Janjaap Ruijssenaars. divianarts.mk

Translate »