Изберете подарок и видете што ве очекува во наредната 2018-та година

loading...

 

Во новогодишната ноќ сите си посакуваме само убавини  и имаме големи очекувања од годината која е пред нас. Каква ќе биде за вас 2018 -та?  Успешна, дарежлива или спокојна , изберете подарок и откријте што ве чека во новата година!

1. Ве очекува успешна година.  Во наредната година ќе имате  можност да ги реализирате сите ваши планови. Дали сонувате да започнете сопствен бизнис? Дали сакате да научите странски јазик или сакате да се дообразувате? Само напред!  Во 2018-та  година ќе бидете успешни во сè што се однесува на вашиот сопствен развој и иницијативи. Направете детален план и следете го. Не плашете се дa си  поставите високи цели. Сигурно ќе успеете!

2. Годината што доаѓа ќе биде магична за вас. 2018-та  година ќе ви донесе невидена среќа. Вашите најсмели желби ќе бидат реализирани, на волшебен начин!  Ова ќе биде година на неверојатни случајности  и магични средби. Затоа бидете храбри во вашите соништа оти и оние најлудите ќе станат реалност!  Само внимавајте што посакувате! Желбите ако се остварат, понекогаш можат да донесат и проблеми,  затоа кога посакувате нешто , правете го тоа со  чисто срце и добри намери бидејќи само тоа ќе  ве спаси од проблемите.

3.  Наредната година ќе ви биде во знакот на мирна семејна атмосфера. Ќе ви треба семејството, атмосферата на домот  и  топлината на заедничкиот живот.  Најмногу време ќе им посветите на вашите најблиски и најверојатно ќе планирате  некакво реновирање. Во вас ќе се разбудат домаќинските инстинкти,а вашите најблиски можеби ќе бидат изненадени од оваа промена, но сепак ќе ги ценат вашите напори. Обидете се, сепак, да посветите малку  време и на вашите пријатели или вашето хоби.  Не би сакале да ве прогласат за домашна бубачка, нели?!

4. Година на авантура. 2018-та  година ќе ви донесе  незаборавни авантури !  Ве очекуваат  средби  со нови луѓе, патувања и неочекувани пресврти во животот. Во 2018-та патиштата ќе станат ваш дом. Храбро спакувајте го вашиот багаж и тргнете на пат , или во нов почеток. Ова ќе биде година на откритија, па не плашете се да ризикувате и да пробате нешто ново.

5. Година на забава. Без разлика колку сериозно се обидувате да изгледате, во вас дреме  мало дете кое секогаш бара забава, авантура  и живописни впечатоци. А токму тоа ве чека во наредната година, многу веселби,  песни и игри, и безброј прилики за дружења до доцните вечерни часови.  Не се ограничувајте – вашата позитивна енергија и нескротливиот  дух сигурно ќе привлечат позитивни и широки  луѓе во вашиот живот. Тие луѓе натаму ќе  ви помогнат и ќе ви останат  пријатели засекогаш!

6. Ве очекува релаксирана и умерена  година. Сте работеле напорно  последниве години  и  конечно среќата ви се насмеа. 2018-та ќе биде година во која ќе ги собирате плодовите на трудот. Долго време сте работеле за да го изградите вашиот авторитет. Сега е време тој да работи за вас. Ќе уживате во почитта на колегите и познаниците. Можеби ќе  добиете и зголемување на платата. Само внимавајте , немојте премногу да се занесете на ловориките на успехот, оправдајте ги очекувањата.

7. Година на изненадувања. Во 2018-та  година ќе пронајдете некои нови работи. Ќе ја истражувате  вашата сензуалност, ќе  пробате нова храна,  ќе патувате, ќе одите на масажа или ќе запишете некој курс.  Многу е веројатно дека во наредната  година ќе ја пронајдете вашата професија или ќе ве обземе некој нов ентузијазам. Како и да е, подгответе се на новости кои ќе ви го променат животот.

8. Ве очекува романтична година. Вашата 2018-та  година ќе биде исполнета со романса, нови средби и неочекувани признанија. Оваа година може да си најдете партнер/ка , а ако имате  среќа.  очекувајте го  неочекуваниот  (или долгоочекуваниот) предлог за брак!

9. Годината ќе биде дарежлива за вас. Ќе се  опкружите со прекрасни работи и влијателни луѓе. Очекувајте  многу внимание од спротивниот пол, пријатни изненадувања и авантури. Вашата финансиска ситуација може значително да се подобри следната година ако сте мудри и не ги фрлате парите низ ветерот. Запомнете дека во  новата година не само што ќе си  поставите цели, туку исто така ќе ви биде овозможено да ги спроведете.  Сепак, се ќе зависи само  од вас.

Translate »