Нова понуда од канали за корисниците на Маx TV

Од 31 декември, MaxTV корисниците ќе имаат можност да го гледаат ултра популарниот BBC Earth канал, како и Kitchen TV и Женска ТВ, познати балкански ТВ канали.

Во пресрет на Новогодишните празници, Македонски Телеком ја освежува својата понуда на ТВ канали достапни на MaxTV, при што значителен дел од каналите стануваат достапни за сите корисници на MaxTV.

Во делот на спортските содржини, освен ексклузивните натпревари од Лигата на шампиони и од Лигата на Европа,  спортските фанови ќе можат да ги гледаат и Sport Klub HD, Лов и риболов и Fight Network. Овие популарни канали, ќе дојдат наместо Eurosport каналите.

На BBC Earth, кој ќе се емитува на местото на Discovery Channel,  ќе можете да погледнете низа на документарни програми, меѓу кои и „Сината планета“, еден најпопуларните документарци за 2017-та година. Еден од каналите кои ќе бидат посебно интересни, особено за женската популација, е Женска ТВ, која нуди голем избор на содржини од светот на модата, здравјето, животниот стил и урбаното живеење.

Понудата на Маx TV се збогатува и со два одлични канали за готвење, Food network и Kitchen TV, на кои ќе може да погледнат најразлични рецепти како од американската, така и балканската кујна.

Viasat Epic Drama е како создаден за оние корисници кои имаат интерес за високобуџетни филмувани историски настани. Каналот е со целосен превод на македонски јазик и ексклузивно ги емитува најголемите играни серии на историски теми.

https://www.youtube.com/watch?v=_38JDGnr0vA

Translate »