До бугарски пасош за 2000 евра, а за канадски многу повеќе!

 Германски новинар успеал да си купи лажна лична карта и пасош и да стане  Бугарин по цена од 2000 евра.  Документите ги купил во Грција, каде што овој бизнис цвета поради кризата со бегалците, пренесуваат бугарските медиуми.

Само за неколку часа,  Германецот Кристоф Корбел се претворил во Бугаринот Петар Иванов.

Шверцерите ми препорачале бугарски пасош, затоа што Корбел сакал да влезе  во Турција, а за германски новинар тоа во моментов е коплициран0. Затоа го посоветувале да му дадат бугарски пасош и тој  се согласил.  Понекогаш шверцерите користат изгубени пасоши на вистински луѓе, само ја менуваат сликата, но Германецот вели дека неговиот бил целосно лажен.

 

Повеќе од 50.000  бегалци во моментов престојуваат  во Грција. Речиси сите сакаат да продолжат кон Западна Европа, но не можат. Немаат документи, а дури и да имаат, со нив не можат да продолжат понатаму. И тука , на сцена стапуваат  трговците со луѓе. Црниот пазарот со пасоши цвета во Атина.

Се прават пасоши за секоја држава која ќе ви падне на памет. Печатат пасоши дури и за Канада. Може да добиете канадски пасош  за 12 000 евра, вели Кристоф Корбел, кој со фалсификаторите стапил  во контакт во кафуле во Атина, и откако платил 2000 евра,  целата работа се завршила во рок  од  само неколку дена. За грчки пасош,  заедно со билет  до Германија, на новинарот му побарале 5 000 евра.

 

 

Translate »